Connect with us

Свет

Лидерот на Северна Кореја го посети новиот воен брод тежок 5.000 тони

Бродот Чое Хјон, кој Пјонгјанг го претстави во април, е првиот разурнувач во земјата со таква тежина, опремен со нуклеарни ракети.

Создавањето на Чое Хјон е „јасна демонстрација на развојот на вооружените сили ориентирани кон доктрината Чуче (севернокорејската идеологија за самостојно потпирање), рече Ким, според официјалната новинска агенција КЦНА.

– Неверојатните способности на нашата морнарица мора да се користат во огромниот океан за да се одвратат или спротивстават и казнат непријателски провокации поради државниот суверенитет“, додаде Ким.

Разурнувачот Чое Хјон е еден од два воени брода од 5.000 тони што Северна Кореја ги има во својот арсенал, а двата се завршени оваа година.

Ким се обврза да изгради уште еден разурнувач од истиот тип до октомври 2026 година за да ги зајакне своите морнарички капацитети.

Според јужнокорејската војска, овој брод можел да биде развиен со руска помош, можеби во замена за распоредување илјадници војници кои би и помогнале на Москва во борбата во Украина.

Фотографиите на KCNA го покажуваат севернокорејскиот лидер како надгледува нешто што изгледа како контролна соба внатре во бродот, со екрани што прикажуваат океан околу Корејскиот полуостров. Друга фотографија го прикажува како покажува на заматена мапа пред генерали.

Оваа посета доаѓа откако Ким најави распоредување „специјални средства“ против својот јужен сосед, без да ја прецизира нивната природа, јави агенцијата KCNA.

Околу 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја за да се спротивстават на воените закани од Пјонгјанг. Во септември спроведоа заедничка воена вежба со своите јужнокорејски и јапонски сојузници.

Северна Кореја редовно ги осудува овие вежби како проби за инвазија, додека сојузниците инсистираат дека имаат одбранбена природа.