Connect with us

Свет

Швајцарската армија набавува систем за борба против дронови

Швајцарската армија денеска соопшти дека сака да набави систем за заштита против „минидронови“, откако неколку европски земји неодамна информираа за навлегувања на дронови во нивниот воздушен простор, обвинувајќи ја Русија.

Швајцарија, која традиционално е воено неутрална со добро подготвена армија, не е членка ниту на Европската унија, ниту на НАТО, но сега се обидува да се заштити од дронови што е можно побрзо, пренесе БТА.

– Потребно е да се преземат ефикасни мерки против минидроновите на противникот, истакна денеска швајцарската армија и додаде дека се надева оти системот за заштита ќе биде воведен „во блиска иднина“.

Земјите од ЕУ сомневаат дека Русија стои зад случаите на прелетување на дронови над чувствителни објекти, кои се зголемиле во последните денови. Швајцарија исто така не е исклучок.