Фудбал
Убедлива победа на Македонија ЃП на стартот од 9.коло од ПФЛ

Екипата на Македонија ЃП со убедлива победа од 4:1 против Арсими го означи почетокот на 9.коло од Првата лига. Ова за тимот од Ѓорче Петров беше четврта победа во шампионатот. Домашниот тим на полувреме имаше водство од 1:0, кое го зголеми на стартот од вториот дел. Гостинската екипа намали на 2:1, но две минути по постигнатиот гол добија црвен картон. Предноста од играч повеќе Македонија ЃП ја искористи со два гола во последните десет минути.
Утре се играат натпреварите: Брера – Башкими и Шкупи – Работнички, а во недела на програма се дуелите: Силекс – Тиквеш и Вардар – Струга. Почетокот на овие дуели е во 15 часот.
Оваа рунда ќе биде комплетирана в понеделник со натпреварот Пелистер – Шкендија што се игра во Битола со почеток во 18 часот.
октомври 4, 2025