Фудбал
Бентанкур го продолжи договорот со Тотенхем

Уругвајскиот фудбалер Родриго Бентанкур потпиша денеска нов договор со Тотенхем, јавија британските медиуми.
Тотенхем не обелодени деталите, а според медиумите Бентанкур се ставил потпис на нов, повеќегодишен, договор.
„Се чувствувам навистина добро и многу сум среќен што можам да ја продолжам мојата приказна со овој фантастичен клуб. Моето семејство е среќно, имам фантастични пријатели и соиграчи кои работат напорно секој ден. Го сакам овој клуб и се чувствувам навистина добро тука“, порача Бентанкур во изјава за официјалниот сајт на Тотенхем.
Бентанкур (28) му се приклучи на Тотенхем од Јувентус во 2022 година, и оттогаш одигра вкупно 122 натпревари и постигна девет голови за англискиот клуб, со кој минатата сезона ја освои титулата во Лига на Европа.
„Освојувањето на Лигата на Европа беше фантастичен момент и сега сакаме да градиме врз тоа, да освоиме уште еден трофеј. Имаме нов тренер, нов капитен и сакам да уживам во уште многу години во клубот“, додаде уругвајскиот играч од средниот ред.
октомври 4, 2025