Фудбал
Беќири: Имавме почит кон противникот

Македонскиот фубдласки шампион Шкендија со пораз го почна настапот во групата од Конференциската лига. На дебито во Мадрид „тетовчани“ загубија со 2:0 од Рајо Ваљекано. Домашната екипа головите ги постигна во кус период, но тоа беше доволно за нив да стигнат до сигурна победа.
Игравме во извонредна атмосфера во текот на целиот натпревар. Противникот ја заслужи победата. Сметам дека имавме премногу почит за противникот во првиот дел. Така не беше во второто полувреме, тимот трчаше повеќе, беше и подобар, но сепак предноста на ривалот беше недостижна. Противникот е еден од фаворитите во ова натпреварување и други екипи ќе имаат проблеми на дуелите со Рајо, истакна тренерот на Шкендија Јетон Беќири.
Шкендија следниот натпревар од Конференциската лига ќе го одигра на 23.октомври како домаќин на тимот на Шелбурн.
октомври 4, 2025