Свет
Руски дрон уби 13.000 свињи во напад врз фарма во Харковска област

Тринаесет илјади свињи се убиени при руски напад со дрон врз свињарник во Харковска област, на североистокот на Украина, соопшти украинската Државна служба за итни состојби.
Инцидентот се случил во близина на селото Нова Водолага. Нападот предизвикал голем пожар во кој изгореле осум објекти каде што се одгледувале свињите. Еден работник е повреден.
Руските вооружени сили редовно ја таргетираат граничната Харковска област со дронови и ракети во рамките на секојдневните напади врз Украина.
октомври 4, 2025