Connect with us

Свет

Туск: Русите се поподготвени за борба и жртвување од Европа

Русија има предност пред Европа во силата на менталитетот и подготвеноста на нејзините граѓани за борба и саможртвување, изјави полскиот премиер Доналд Туск на состанокот на лидерите на Европската политичка заедница во Копенхаген, пренесуваат полските медиуми.

– Единствената предност што Русите ја имаат е нивниот менталитет. Нашето население, вклучувајќи го и британското, брои 500 милиони, во споредба со нивните 150 милиони. Но тие имаат психолошка предност, поради што понекогаш ние делуваме неодлучно, рече Туск, упатувајќи, како што наведе, на „главите и срцата“ на руските граѓани.

Полскиот премиер нагласи дека Варшава нема интерес за ескалација на конфликтот или директна конфронтација со Москва, но предупреди дека поразот на Киев, според неговото мислење, би значел „крај на Полска и на Европа“.