Фудбал
Канаваро ќе го предводи Узбекистан на Мундијалот 2026

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, а сега тренер, Фабио Канаваро, се очекува да седне на селекторската клупа на Узбекистан и да ја предводи на Светското првенство во 2026 година.
Италијанскиот новинар Николо Скира објави дека преговорите се во напредна фаза и не е исклучено Канаваро да дебитира веќе во октомври, кога Узбекистан ќе игра пријателски натпревар против Уругвај.
Слична информација објави и италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
„Канаваро се согласи да стане нов селектор на Узбекистан и ќе го предводи на Светското првенство во 2026 година. Откако беше постигнат устен договор, сè уште треба да се преземат формални чекори. Документите ќе бидат разгледани во следните 24 до 48 часа, а поранешниот освојувач на Златната топка е подготвен за ново поглавје и работа на Светското првенство“, објави Романо,
октомври 3, 2025