Connect with us

Свет

Песков: Мировните напори на Трамп се кршат од карпата на европскиот милитаризам

Мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Украина се кршат од карпата на европскиот милитаризам, а улогата на Европа во ескалацијата на ситуацијата е максимална, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков за весникот „Известија“ изјави дека „милитаристичкиот став на Европа го попречува постигнувањето мировно решение за Украина“.

– Во целина, гледаме дека Европа западна во милитаристичка, антируска хистерија. Ќе видиме како ова ќе заврши, но ваквиот став сериозно го попречува процесот на постигнување мировно решение со Украина, истакнал Песков.

Тој наведе дека Русија, од една страна, ја продолжува „специјалната воена операција“, а од друга страна, останува отворена за преговори и решавање на сите проблеми преку дијалог. Тој истакна дека Русија продолжува да ги поддржува мировните напори на Трамп затоа што верува дека тоа е многу важно.

Песков рече дека „Европејците прават сè што можат за да го поттикнат режимот во Киев да биде непопустлив и да избегнува дијалог“. Според него, се слушаат изјави од Брисел и европските медиуми пишуваат за потребата од обнова на ѕидовите меѓу Европа и Русија.

– Меѓутоа, историјата веќе покажа апсурдност и бескорисност на таквите акции. Европа навистина зборува за подготовки за војна. Европа зборува за трошење значаен дел од буџетот за воени цели, укажа Песков.

Тој истакна дека „Европа практично не ја крие својата желба да се впушти во провокативни акции и сериозно ја разгледува можноста, на пример, за блокирање на Балтичкото Море за комерцијален бродски сообраќај“.

– Добро е што таму сè уште постојат трезвени глави кои велат дека тоа би можело да има катастрофални последици, наведе Песков.