Connect with us

Свет

Кремљ: САД и НАТО веќе редовно ѝ доставуваат разузнавачки податоци на Украина

Кремљ денеска изјави дека САД и НАТО веќе редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина, откако се појавија извештаи дека Вашингтон ќе му обезбеди на Киев разузнавачки податоци за руски енергетски цели.

– САД редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина преку интернет, им рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите. – Обезбедувањето и користењето на целата инфраструктура на НАТО и САД за собирање и пренесување разузнавачки информации на Украинците е очигледно, додаде тој.

Американскиот весник „Волстрит џурнал“ претходно денеска објави дека САД ќе ѝ дадат разузнавачки информации на Украина за руски енергетски инфраструктурни цели кои би можеле да бидат погодени со оружје со долг дострел, додека Вашингтон размислува дали да испрати проектили до Киев што би можеле да се користат за такви напади.

САД долго време разменуваат разузнавачки податоци со Украина, но според „Волстрит џурнал“, новите податоци ќе им го олеснат на силите на Киев гранатирањето на рафинерии за нафта, гасоводи, нуклеарни централи и друга инфраструктура. Целта е главно да му се ускрати на Кремљ продажбата и потрошувачката на гориво.

Одобрувањето на новата разузнавачка помош за Украина дојде кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина е способна да ја врати територијата преземена од Русија.