Фудбал
Медиуми: Ливерпул преговара со Конате за нов договор

Англискиот првак Ливерпул достави понуда за продолжување на договорот со францускиот дефанзивец Ибрахим Конате, објави денеска весникот „Л’Екип“.
Англискиот клуб почна преговори за нов договор пред помалку од една година, а во меѓувреме неколку пати ја променија својата понуда.
Најновата верзија на договорот им била презентирана на менаџерите на Конате пред две недели.
Според францускиот весник, Реал Мадрид ја следи ситуацијата околу текот на преговорите, и во случај на неуспех сака да го донесе Конате „Сантијаго Бернабеу“.
Конате има договор со Ливерпул до 30 јуни 2026 година.