Свет
Холандија ја повика ЕУ да ги означи јеменските Хути како терористичка организација

Холандија ја повика ЕУ да воведе санкции кон јеменските бунтовници Хути и да ги означи како терористичка група, откако Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на товарниот брод „Минерваграхт“ во Аденскиот Залив, кој пловел под холандско знаме.
– Хутите веќе долго време претставуваат сериозна закана за слободната пловидба, се наведува во соопштението на холандското министерство за надворешни работи.
Хутите извршија голем број напади врз бродови во Црвеното Море од ноември 2023 година, насочувајќи се кон бродови за кои сметаат дека се поврзани со Израел.
октомври 2, 2025