Фудбал
Хау му одговори на Румениге: Пазарот ја диктира цената, а не клубовите

По изјавата на членот на одборот на минхенски Баерн, Карл-Хајнц Румениге, дека само идиоти можат да платат 85 милиони евра отштета за централниот напаѓач Ник Волтемаде (23), тренерот на Њукасл, Еди Хау, истакна дека фудбалскиот пазар ги диктира цените, а не клубовите.
„Иако немаше време да се адаптира, Ник одлично ја заврши работата. Што се однесува до висината на отштета, фудбалскиот пазар ги диктира цените, а не клубовите. Многу сме задоволни што Ник е со нас и сосема е неважно колку плативме“, рече Хау, пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампиони на гостински терен против белгиски Унион Сен Жил.
Волтемаде постигна два гола на три настапи во Премиер лигата. Баерн сакаше да го доведе во своите редови ова лето, но се откажа откако Штутгарт објави дека бара 85 милиони евра за 198 сантиметри високиот центар напаѓач. На крајот од преодниот рок, Волтемаде заврши во Њукасл, кој се согласи да ја плати бараната отштета.
октомври 1, 2025