Connect with us

Свет

Ли најави зголемени расходи за одбраната и посамостојна јужнокорејска армија

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг на церемонијата по повод Денот на вооружените сили вети зголемени вложувања во одбраната со цел да се воведе разновидно високотехнолошко оружје и да се „формира посамостојна армија“.

– Треба да се движиме кон посилна, посамостојна одбрана, заснована на нашата гордост и доверба во нашата воена моќ. Јужна Кореја не смее да зависи од друг за да обезбеди мир и просперитет во сопствената земја, туку мора да ја зајакне својата моќ, посочи Ли.

Тој најави дека следната година ќе бидат зголемени расходите за одбраната на 8,2 отсто за да се воведат напредни вооружени системи, како борбени роботи со вградена вештачка интелигенција, дронови, системи за прецизни напади и одбранбени ракети.

Дел од експертите предупредија дека зајакнувањето на јужнокорејската армија може да го ослабе сојузот со САД.

Јужна Кореја ќе води заеднички одбранбен став со Вашингтон преку обнова на оперативната контрола врз основа на силниот сојуз помеѓу неа и САД. Силната комбинирана одбранбена способност и позиција не само што ќе донесат мир и стабилност на Корејскиот Полуостров, туку ќе придонесат и за стабилноста и заедничкиот просперитет на регионот, посочи Ли.