Свет
САД дозволија B-1 визи за корејски инвестициони проекти

САД потврдија дека ќе им дозволат на јужнокорејските компании да користат бизнис-визи B-1 за активности поврзани со инвестициони проекти, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.
Одлуката следи по инцидентот на 4 септември кога имиграциските служби уапсија 475 лица во американската сојузна држава Џорџија, меѓу кои повеќе од 300 јужнокорејски државјани со B-1 визи. Тие работеа на изградба на фабрика за батерии за електрични возила, проект на „Хјундаи“ и „Ел Џи“. Задржаните беа депортирани во Јужна Кореја.
Американските власти сега потврдија дека визата B-1 ќе може да се користи за активности како инсталација, одржување и поправка на опрема за инвестициони проекти.
По случајот во септември, САД и Јужна Кореја формираа работна група за олеснување на влезот на корејски работници во вакви проекти, а во американската амбасада во Сеул ќе се отвори и инвестициски канцеларија.
октомври 1, 2025