Свет
Израел назначи нов шеф на контраразузнавачката служба Шин Бет

Израелската Влада го одобри назначувањето на генерал-мајор Давид Зини за нов директор на контраразузнавачката служба Шин Бет, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Нетанјаху ја објави кандидатурата на Зини во мај.
Зини ќе ја преземе функцијата на 5 октомври, заменувајќи го Ронен Бар, кој се повлече во јуни. Бар поднесе оставка откако премиерот соопшти дека ќе го разреши, но Врховниот суд на Израел подоцна оцени дека одлуката за неговото отстранување е незаконска.
октомври 1, 2025