Connect with us

Фудбал

Второлигашите Охрид и Детонит Плачковица изборија четвртфинале во Купот

Екипите од Втората фудбалска лига Охрид и Детонит Плачковица изборија четвртфинале од Купот на Македонија. ГФК Охрид пред своите навивачи успеа да го совлада прволигашот Шкупи со 3:0 . Воедно охриѓани ја искористија слабата форма на прволигашот, кој нема освоено бод во лигата. 

Во Струмица гостите Детонит Плачковица ја совладаа екипата на Беласица со 1:0 за пласман меѓу најдобрите осум екипи во куп натпреварувањето. 

Во другите двојки ќе играат: Македонија ЃП – Струга ТЛ, Вардар – Новаци, Башкими – Силекс, Шкендија Тетово – Тиквеш, Работнички – Брегалница Штип и Шкендија Арачиново – Пелистер. Натпреварите треба да се играат на 29.октомври.