Connect with us

Фудбал

Леони ќе отсуствува неколку месеци

Играчот од одбраната на Ливерпул Џовани Леони ќе мора да паузира неколку месеци. Тој на синоќешниот дуел од Лига купот со Саутемптон заработи повреда и во 81.та минута го заврши натпреварот покрај аут линијата, а потоа со помош на медицинските лица на носилки го напушти и теренот.

Денешните прегледи само потврдија дека станува збор за тешка повреда на 18-годишниот фудбалер. Тој има скинат преден вкрстен лигамент на коленото.

Леони синоќа го имаше своето деби во дресот на Ливерпул на официјален натпревар.