Фудбал
Домот на Роберто Мартинез во Португалија ограбен, штетата еден милион евра

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез, е ограбен, објави „CNN Portugal“.
Крадци провалиле во домот на 52-годишниот Шпанец во Кашкаиш, Португалија, и украле накит и најмалку 12 скапи часовници.
Вкупната сума на украдените предмети се проценува на еден милион евра. Мартинез и неговото семејство не биле дома во времето на грабежот.
Мартинез е селектор на португалската репрезентација од 2023 година. Тој бил и главен тренер на Свонси Сити, Виган Атлетик, Евертон и белгиската репрезентација.
септември 25, 2025