Connect with us

Фудбал

Лапорта: Јамал ќе биде уште повеќе мотивиран

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го поддржа играчот од средниот ред Ламин Јамал, кој заврши втор во гласањето за „Златната топка“ во 2025 година.

– Се надевавме дека Ламин ќе ја освои наградата, но ова второ место ќе го мотивира уште повеќе. Тој е победник, човек со здрави амбиции. Убеден сум дека овие резултати само ќе го поттикнат напред, изјави Лапорта за „Esport3“.

Во сезоната 2024/25, Јамал постигна 18 гола и имаше 25 асистенции во 55 натпревари за Барселона во сите натпреварувања. Со тимот го освои шпанското првенство и Купот на Шпанија.

Јамал го освои Копа Трофеј“, наградата што му се доделува на најдобриот млад играч во сезоната, по втор пат по ред.