Connect with us

Архива

Бела куќа: Трамп ќе се сретне со Гутереш и повеќе светски лидери во Њујорк

Претседателот на САД Доналд Трамп оваа недела ќе одржи серија значајни билатерални средби во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролајн Левит

Прво, Трамп ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и со лидерите на Украина, Аргентина и Европската Унија.

Освен тоа, на специјален самит Трамп ќе одржи разговори со лидерите на Катар, Саудиска Арабија, Индонезија, Турција, Пакистан, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Јордан.