Свет
Санду: Русија троши стотици милиони за мешање во изборите во Молдавија

Претседателката на Молдавија Маја Санду ја обвини Русија дека издвојува стотици милиони евра за да влијае врз претстојните парламентарни избори во земјата.
– Кремљ истура стотици милиони евра за купување стотици илјади гласови и во Молдавија и во дијаспората, рече Санду во видеообраќање. Таа додаде дека „граѓаните секојдневно се преплавени со лаги“ и дека стотици лица се платени за провоцирање нереди, насилство и ширење страв.
Русија ги отфрли овие обвинувања.
Во меѓувреме, молдавските власти соопштија дека спровеле 250 претреси и уапсиле десетици лица во рамки на истрага за наводен план поддржан од Москва за поттикнување масовни нереди пред изборите. Главниот обвинител Виктор Фуртуна информира дека 74 лица се притворени до 72 часа.
В недела, Молдавците ќе избираат нов парламент со 101 пратеник, а според аналитичарите, гласањето се гледа како одлучувачко – дали земјата ќе продолжи по европскиот пат или ќе се сврти кон поблиски односи со Русија.
септември 23, 2025