Фудбал
Челзи не се откажува од трансфер на Мењон

Лондонски Челзи продолжува да се интересира за голманот на Милан, Мајк Мењон, објави денеска весникот „Дејли експрес“, наведувајќи дека англискиот клуб би можел да постигне прелиминарен договор во јануари 2026 година за трансферот на 30-годишниот Французин.
Според весникот, евентуален трансфер договор би можел да биде финализиран во летниот преоден рок следната година.
Од почетокот на оваа сезона, Мењон прими два гола на четири натпревари во сите натпреварувања.
Неговиот договор со Милан е со важност до 30 јуни 2026 година.
Вредноста на Мењон на трансфер пазарот се проценува на 25 милиони евра.
септември 23, 2025