Кошарка
По долгата пауза Ирвинг најави враќање на теренот
Во подготвителен натпревар одигран во Кина Далас загуби од Хјустон со 117:135. Ова е дел од претсезонските натпревари на НБА екипите. Двете екипи утре (недела) во Макао ќе играат уште еден натпревар, на кој се очекува настап на Кајри Ирвинг по 20 месеци.
Играчот на Далас во март 2025 имаше тешка повреда, скинати лигаменти на коленото на дуел против Сакраменто, а се случи неколку дена откако беше „трејдуван“ со Лука Дончиќ.
Ирвинг има 34 години и една шампионска титула во 2016 година како член на Кливленд. Тој потоа настапуваше за Бостон и Бруклин, а сега е член на Далас. Има и златни медали со репрезентацијата на САД на Светското првенство 2014 година и на Олимписките игри во Рио 2016 година.
октомври 11, 2026


