Фудбал
Копа Либертадорес: Фламенго победи со нов рекорд на „Маракана“

Бразилски Фламенго го победи синоќа аргентински Естудијантес со 2-1 во првиот четвртфинален натпревар во Копа Либертадорес, во натпревар кој донесе рекордна посета на реконструираниот легендарен стадион „Маракана“.
Домашниот тим поведе по само 15 секунди од натпреварот со голот на Педро. Тоа е втор најбрз гол во во историјата на натпреварувањето во кое рекордот сè уште го држи Перуанецот Феликс Суарез, кој постигна гол за Алијанса Лима против колумбискиот Индепендиенте де Санта Фе по само шест секунди во април 1976 година.
Варела го зголеми резултатот на 2-0 во деветтата минута, а Естудијантес ја намали негативата со автоголот на Лео Переира во 90-та минута, постигнувајќи автогол. Реваншот ќе се игра во Ла Плата на 25 септември.
Натпреварот привлече 71.977 гледачи, што е нов рекорд на „новата Маракана“ кога станува збор за клупски натпревари.
Најголема посетеност досега беше регистрирана во 2023 година, кога дуелот меѓу Фламенго и Индепендиенте, го следеа 71.411 гледачи. Што се однесува до натпреварите на националните тимови, рекордот на „Маракана“, која беше реновирана за Светското првенство во 2014 година, е 74.738 гледачи, кои се собраа за четвртфиналниот натпревар меѓу Германија и Аргентина.
Рекордната посетеност на еден од најпознатите фудбалски стадиони во светот е забележана во јули 1950 година, кога натпреварот од Светското првенство помеѓу Бразил и Уругвај го гледаа 173.850 гледачи. „Старата“ „Маракана“ беше домаќин на 26 натпревари со 150.000 или повеќе гледачи, а 284 пати имаше повеќе од 100.000 гледачи
септември 20, 2025