Connect with us

Економија

Дурмиши: Во моментов немам сознанија за картелско здружување кај откупувачите на земјоделски производи

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека во моментов Министерството за економија и труд нема сознанија за картелско здружување кај откупувачите на земјоделски производи и го охрабрува ресорниот министер да постапи доколку има такви индиции.

-Доколку има вакви сознанија за картелско здружување при откупот на земјодските производи Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе излезе на терен и ќе ги контролира сите здруженија и ќе ги казни во рами на законските можности- изјави Дурмиши во одговор на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка во областа на трудот со Државата Катар.

Посочи дека секој месец Државниот завод за статистика ги објавува податоците за цените на производите, а Пазарната инспекција ги контролира на терен.

– Чекаме овие денови да бидат објавени податоците и да видимеа каква е состојбата со цените во август. Секој квартал и Пазарната инспекција излегува на терен и не известува за цените. Ќе ги споредиме цените и ќе ја известиме јавноста – рече Дурмиши.

Потсети дека во јули имаше инфлација од само 0,1 процент на месечно нивоа а 2,3 проценти на годишно, при што цените на прехранбените производи беа намалени за 1,3 проценти.

-Кога ќе излезат податоците за август од Државниот завод за статистика и од Пазарната инспекција ќе ја известиме јавноста и ако има потреба ќе постапуваме како во минатото и ќе ги употребиме сите механизми кои ги имаме на располагање ако има девијантно однесување или зголемување на цените на прехранбените производи од страна на трговците без економска оправданост- истакна Дурмиши.

Прашан дали се размислува за намалување на ДДВ-то за горивата, Дурмиши рече дека за тоа е надлежен друг министер кој на седница на Влада ќе образложи како се движат работите.

– Во време на криза како Влада одлучивме да ги намалиме цените на нафтените деривати и да им излезем во пресрет на граѓаните. За разлика од некои земји кои само им укажаа на граѓаните дека ќе се зголемат цените ние преземавме конкретни мерки. Кога надлежниот министер ќе ни ги достави информациите како Влада ќе одлучиме како ќе постапиме понатаму, потенцира Дурмиши.