Connect with us

Свет

Загубите од природни катастрофи во Кина ќе достигнат речиси 30 милијарди долари во 2026 година

Кина досега регистрираше 29,9 милијарди долари директни загуби од природните катастрофи во првите девет месеци од 2026 година, главно предизвикани од разорните тајфуни, поплави и лизгање на земјиштето, соопшти денеска Министерството за управување со вонредни состојби.

Загубите се за осум проценти пониски во споредба со истиот период минатата година, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Министерството соопшти дека 562 лица загинале или се водат како исчезнати по катастрофалните поплави во август по должината на границата меѓу Непал и Тибет, со што бројот на жртви останува непроменет од претходните официјални бројки.

Населението во југозападна и јужна Кина во најголем дел е засегнато од овие природнио катастрофи и во нив има најмногу смртние случаи.

„Неколку ненадејни екстремни катастрофи во јужните региони доведоа до значително зголемување на бројот на загинати и исчезнати во споредба со петгодишниот просек“, објави министерството.

Оттаму додаваат дека во цела Кина во првите девет месеци од годината има регистрирано вкупно 1.162 лица загинати или исчезнати лица во природните катастрофи, што е сериозно зголемување во однос на 742 вакви трагични случаи во претходната година.

Источните провинции претрпеа најголеми материјални штети и економски загуби поради повторените налети на тајфуни.

Геолошките опасности, кои вклучуваат свлечишта и одрони на земјиштето предизвикани од дожд, предизвикаа најголем дел од смртните случаи и учествуваа со 60 проценти од сите видови катастрофи, додека тајфуните предизвикаа најголема директна финансиска штета.

Повеќе од пет милиони луѓе беа принудени да се преселат или да бараат итен сместување низ целата земја во текот на деветмесечниот период.

Вкупно 26 тајфуни се формираа во северозападниот Тихи Океан и Јужното Кинеско Море до септември, од кои седум го погодија брегот на Кина.

Ad
Ad