Connect with us

Ракомет

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот од ЛШ со Нант

Македонскиот ракометен шампион Вардар првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите го игра на 16.септември против француски Нант. Во продажба се пуштени билетите за натпреварот, кој ќе се одигра на 16 септември 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Црвено-црните се враќаат во Лигата на шампионите, а за првиот европски предизвик на домашен терен ќе биде потребна силна поддршка од трибините. Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво онлајн преку vtickets.mk.

Во зависност од позицијата (блоковите во салата) цената на влезниците се движи од 400 до 600 денари