Connect with us

Економија

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Градежништвото е силен двигател на македонската економија.   Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 %  споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во:

– автопати

– експресни патишта

– железница

– над 1200 проекти во општините

– аеродроми

ќе продолжат со уште позасилено темпо.

Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот.

Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.