Connect with us

Фудбал

Гасперини: Мален и Дибала се играчи од светска класа

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, ги искажа впечатоците по триумфот од 4:0 на домашен терен над Фиорентина во првото коло од шампионатот во Серија А.

– Дониел Мален и Пауло Дибала се играчи од светска класа. Дибала отсекогаш бил таков, само се соочуваше со многу повреди. Овој човек е чудовиште, и покрај сите муабети за „свиленкасти мускули“. Минатата година немаше среќа – се повреди додека изведуваше слободни удари и пенали. Мален е извонреден, но тоа не е случајност. Се чувствува ценет и силен, тој е лидер на теренот и може да продолжи да расте. Она што го покажува е неверојатно – очигледно ја пронајде вистинската средина.
Се согласувам со процената на играта. Кога зборувам за „калибар“, треба многу добро да ги познавате противниците. Откако ќе го разбереме нивото на кое играат другите тимови, ќе имаме појасна слика. Што се однесува до нас, јас сум многу задоволен, ова е извонреден тим. Изградивме основа пред една година и додадовме квалитет. Сега групата е кохезивна, доаѓаат нови играчи, а тоа е важно, изјави Гасперини.

Тренерот е задоволен од новите правила со кои се забрзува играта и се намалува можноста за „трошење време“.

– Дали видовме повеќе време за играње во Серија А? Одлично, фантастично. Навистина ми се допаѓа. Гледачите имаат корист, порано, гледаа смртоносно здодевни натпревари каде што голманот имаше најмногу допири со топката. Ова се одлични правила – сега никој не лежи на теренот, рече тренерот на прес-конференцијата.

На натпреварот против Фиорентина, Мален постигна хет-трик, со три асистенции од Дибала.