Connect with us

Фудбал

Фабињо по стапките на Салах

Бразилецот Фабињо потпиша денеска договор со Трабзонспор, објави турскиот прволигаш, со што 32-годишниот бразилски фудбалер од средниот ред повторно ќе биде во ист тим со својот поранешен клупски колега од Ливерпул, Мохамед Салах.
„Познато лице ме чека во Трабзон“, напиша денеска Фабињо во објава на официјалниот сајт на Трабзонспор.
Бразилецот пет сезони го носеше дресот на Ливерпул пред да му се приклучи на саудиски Ал Итихад во 2023 година по пет сезони во Ливерпул, но неговиот договор со азискиот клуб истече и Фабињо прејде без обесштетување во редовите на Трабзонспор.
Претходно овој месец во турскиот клуб, исто така, без обесштетување дојде и египетскиот напаѓач Салах.