Фудбал
Симеоне: Сопственикот на клубот беше јасен
Тренерот на Атлетико Диего Симеоне пред дуелот на неговиот тим со Малага зборуваше и за ситуацијата со Хулијан Алварез. Фудбалерот по Светското првенство се врати, но сака трансфер во Барселона и постојано е во центарот на вниманието.
Симеоне на прес конференцијата порача дека клубот смета на фудбалерот за оваа сезона.
– Мигел Анхел е сопственик на клубот. Појасно од тоа нема. И кога судијата ќе донесе пресуда – „нема основа“. Повеќе од јасно е што има кажано, истакна Симеоне.
Тренерот потецнираше дека тој е одговорен за спортскиот дел и дека на Алварез во моментов му недостасуваат тренинзи за да биде на потребното ниво.
август 19, 2026
