Останати спортови
Второ злато за Британката Еми Хант на ЕП во атлетика
Британската атлетичарка Еми Хант го освои вториот златен медал на Европското првенство што се одржува во Бирмингем. Таа по триумфот на 100 метри синоќа беше најбрза и во трката на 200 метри со време 22.19 секунди, пред Расидат Аделеке од Република Ирска и сонародничката Дина Ејшер-Смит.
Злато за Република Ирска освои Марк Инглиш со победата во трката на 800 метри. Тој имаше време 1:45.26 минута, а втор целта ја мина Марино Блудек од Хрватска. Бронзата му припадна на Мохамед Атауи од Шпанија.
Во фрлање диск победи Словенецот Кристијан Чех со нов рекорд на првенствата – 72.51 метри. Миколас Алекна од Литванија освои сребро, а Германецот Хенрик Јансен бронза.
Германката Геса Краузе го освои златниот медал во трката на 3.000 метри стиплчез со време – 9:12.69 минути, а до медалите стигнаа и Алис Фино од Франција и Оливија Грут од Германија.
Анжелика Мосер од Швајцарија победи во скок со стап кај жените со прескокнати 4.80 метри, пред Вилма Хелтела од Финска и Мари Ѓули Бонин од Франција.
Во дисциплината трискок најуспешна со најдобар резултат во кариерата беше Дарија Деркач од Италија со прескокнати 14.60 метри. Салија Жосе од Швајцарија го освои среброто, а Александра Начева од Бугарија ја освои бронзата.
Во десeтобој злато и сребро за Германија. Лео Нојгебаур собра 8611 поени, пред Никлас Каул кој освои 8573 поени. Бронзата му припадна на Сандер Скотхајм од Норвешка, кој имаше 8433 поени.
август 15, 2026
