Фудбал
Вулверхемптон го има најлошиот почеток во Премиер лигата

Вулверхемптон викендов загуби од Њукасл (0:1) во 4. коло од Премиер лигата и го загуби четвртиот натпревар по ред.
Тимот на Витор Переира е на последното место на табелата без да освои ниту еден бод.
Ова е најлошиот почеток на клубот во историјата на англиската Премиер лига.
Вулверхемптон ја игра својата 127-ма сезона во Англиската фудбалска лига.
Во 5. коло од Премиер лигата, Вулверхемптон ќе игра против Лидс на домашен терен. Натпреварот е закажан за 20 септември.
септември 15, 2025