Фудбал
СП 2026: Де ла Фуенте далеку од најплатените селектори
Иако ги обедини титулите европски и светски првак, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте (65), не е ниту меѓу десетте најплатени селектори на Светското првенство 2026.
Британскиот весник „Мирор“, објави дека Де ла Фунте се наоѓа на 15. место според заработката во конкуренција на 48. селектори кои ги предводеа своите репрезентации на Светското првенство 2026.
Годишната плата на шпанскиот селектор изнесува два милиони евра.
На врвот е Италијанецот Карло Анчелоти, кој заработува 10 милиони евра годишно на клупата на Бразил.
Топ 15. најплатени селектори на СП 2026.
Карло Анчелоти (Бразил) – 10 милиони евра
Јулијан Нагелсман (Германија) – 7 милиони евра
Маурисио Почетино (САД) – 6 милиони евра
Томас Тухел (Англија) – 5,8 милиони евра
Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра
Фабио Канаваро (Узбекистан) – 4 милиони евра
Дидие Дешан (Франција) – 3,8 милиони евра
Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра
Марсело Биелса (Уругвај) – 3 милиони евра
Хавиер Агире (Мексико) – 2 милиони евра
Густаво Алфаро (Парагвај) – 2,5 милиони евра
Џеси Марш (Канада) – 2,5 милиони евра
Хулен Лопетеги (Катар) – 2,4 милиони евра
Лионел Скалони (Аргентина) – 2,3 милиони евра
Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 2 милиони евра.
јули 22, 2026

