Фудбал
КЛ: Вардар и Шкендија ги дознаа потенцијалните ривали во 3. квалификациско коло
Фудбалерите на Вардар и Шкендија попладнево со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа евентуалните противници во 3 квалификациско коло во Конференциската лига (КЛ), доколку успешно ја минат втората квалификациска пречка.
Доколку успее да ја елиминира летонска Рига, шампионот Вардар во 3. квалификациско коло во КЛ ќе игра против победникот од пресметката меѓу Атерт Бисен од Луксембург и унгарски Ѓер.
Вицешампионот Шкендија, пак, ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Малишева од Косово и шкотски Хибернијан, доколку претходно го елиминира словенечки Браво во 2. квалификациско коло.
Вардар би бил домаќин на првиот натпревар во 3. квалификациско коло во КЛ на 6 август, додека Шкендија би го играла реваншот на домашен терен на 13 август.
Третиот македонски претставник сезонава во европските купови Силекс го заврши настапот во 1. квалификациско коло во КЛ во кое беше елиминиран на пенали од Динамо Минск.



