Connect with us

Сцена

Захара и Медокс се откажуваат од презимето Пит

„Захара (21) и Медокс (24), преку весник се откажуваат од татковото презиме, Пит. Со тоа исполнуваат уште еден услов за промена на презимето“, се наведува во судските документи. Огласите се објавувани еднаш неделно во весникот Лос Анџелес дејли џурнал (Los Angeles Daily Journal), како дел од задолжителната законска процедура во Калифорнија.

„Подносителката Захара Марли Џоли-Пит поднесе барање до овој суд за промена на презимето од Пит во Џоли. Подносителот Медокс Чиван Џоли-Пит поднесе барање до овој суд за промена на презимето од Пит во Џоли“, стои во барањето поднесено до Судот.

Судското рочиште за случајот на Медокс е закажано за 14 септември. На 28 септември е рочиштето за случајот на Захара. Промена на презимето е само продолжение на трендот започнат од нивната сестра Шајло (20), која официјално го промени презимето во 2024 година.

„Медокс во неофицијални документи повеќе не го користи презимето Пит. Како Медокс Џоли е потпишан и во одјавната шпица на филмот „Висока мода“ („Couture“), на кој работеше како асистент на режисерот“, информираа медиумите во 2021 година.

Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во 2024 година, по обвинувањата против Пит за насилно однесување. Во бракот ги добија шесте деца: Медокс (24), Пакс (21), Захара (21), Шајло (20) и близнаците Нокс и Вивиен (17). 

Ad
Ad