Connect with us

Сцена

Џенифер Лопез во раскошна златна тоалета на модната ревија на „Долче и Габана“

Џенифер Лопез, откако последниве денови предизвика бранувања во Париз и Лондон, вчера се упати кон Италија, поточно на Сицилија, каде што седеше во првиот ред на модната ревија на „Долче и Габана“ – облечена во златен фустан без прерамки… Тоалетата, покриена со златен вез и украсена со големи кристали во боја на скапоцени камења, според познавачи, изгледа како богатство откопано од некој стар сицилијански дворец, пишува „Кликс“.

Светкави рубини, смарагди и сафири ја украсуваа раскошната златна основа, оддавајќи впечаток на мозаик. Украсите само му додаваат длабочина и текстура на фустанот, воедно рефлектирајќи ја прекрасно светлината. Американката глумица, пејачка и модна икона се наметна и со долг златен брокат, елегантно префрлен преку рамената. Текстурираната, блескава ткаенина на наметката совршено ги надополнува блескавите украси на нејзиниот фустан.

Сѐ тоа, Лопез го надополни со структурирана метално-златна „сицилијанска“ чанта од „Долче и Габана“, и со потпетици во слични нијанси.

Дури и нејзиниот изгледот на ноктите се чини внимателно осмислен. Наместо конвенционална „нуд“ нијанса, Лопез се одлучи за сликарски цветен дизајн во нежни нијанси на виолетова, розова и сина, со нежни златни завршетоци. На фотографиите што ги сподели, Џеј Ло покажа и дека се дружела со Моника Белучи.

Ad
Ad