Сцена
Светски познатата манекенка Ева Херцигова стапи во брак со италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсија по 25 години врска
Светски познатата манекенка Ева Херцигова (53) стапи во брак со својот долгогодишен партнер, италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсија, по цели 25 години заеднички живот. Херцигова блескаше во елегантна, лелеава бела венчаница, а беше фотографирана во Торино при пристигнувањето на свадбената церемонија.
Во присуство на нивните три сина, Џорџ, Филипе и Едвард, како и на најблиските членови на семејството и пријателите, Ева и Грегорио ги изговорија брачните завети во црква. По црковната церемонија следувала граѓанска венчавка, а потоа и интимна вечера во кругот на најблиските.
Љубовната приказна на двојката започна во 2001 година, а во 2017 година тие ја официјализираа својата свршувачка. Пред врската со Марсија, 53 годишната манекенка беше во брак со тапанарот на групата „Бон Џови“, Тико Торес. Тие се венчаа во 1996 година, но се разведоа две години подоцна.
– Не планирам повторно да стапувам во брак. Сметам дека бракот „ја кочи еволуцијата на врската“, изјавила Херцигова веднаш по разводот. Љубовта со Марсија ми го смени мислењето. Според мене, тајната на нашата долгогодишна љубов е меѓусебната слобода што си ја даваме, но и силната меѓусебна поддршка, рече Херцигова.
Ева Херцигова стекна светска слава во деведесеттите години како една од најпрепознатливите лица на брендот „Вондербра“ и како една од најуспешните супермодели во светот.
јули 14, 2026

