Фудбал
Тренерот на Тотенхем предлага воведување „тајм аут“ во фудбалот

Тренерот на англискиот фудбалски прволигаш Тотенхем, Томас Франк (51), предложи воведување „тајм аут“ за време на натпреварите.
„Јас би вовел „тајм аут“ за време на секое полувреме. Од тренерска перспектива, мислам дека би било убаво да се има можност да се разговара со играчите за време на натпреварот и некои работи на теренот да се корегираат“, рече 51-годишниот дански стратег во интервју за Bet MGM.
Франк го презеде Тотенхем ова лето откако седум години го водеше Брентфорд, а пред тоа Брондби и данската репрезентација до 21 година.
По првите три кола, Тотенхем е на четвртото место во Премиер лигата со шест бодови, три помалку од лидерот Ливерпул.
септември 12, 2025