Филм
Ева Грин се повредила на снимањето на третата сезона на популарната серија на Нетфликс „Среда“
Француската актерка Ева Грин итно била пренесена во болница по инцидент случен за време на снимањето на третата сезона од популарната серија на Нетфликс „Среда“, информираше Индепендент.
Грин е позната по улогата на Веспер Линд во филмот за Џејмс Бонд „Казино Ројал“ од 2006 година. По инцидентот наводно чувствувала силни болки. Според добиените информации нејзината состојба се подобрува. Серијата е базирана на ликовите од „Семејството Адамс“. Грин се приклучи на актерската екипа во претстојната трета сезона. Во серијата таа ја толкува улогата на Офелија Фрамп, тетката на главниот лик Среда Адамс.
„Според првичните информации, Ева Грин се здобила со повреди на ногата за време на снимањето на серијата. Снимањето се одвива во близина на Даблин, Ирска“, напиша британскиот весник Д Сан.
– По инцидентот актерката веднаш била пренесена во болница. Таму ѝ била укажана медицинска помош и сега успешно закрепнува, изјавил извор близок до продукцијата.
Главната улога во серијата ја игра младата актерка Џена Ортега толкувајќи го ликот на Среда Адамс, тинејџерката од необичното семејство Адамс, додека Кетрин Зита-Џонс ја толкува улогата на нејзина мајка Мортиша Адамс. Серијата постигна голем успех на платформата Нетфликс и се смета за една од најгледаните оригинални серии. Ева Грин за првпат се појави во втората сезона на серијата. Тогаш актерката, играјќи го ликот на тетката на главниот лик Среда Адамс, настапи како мистериозна фигура одзади, како ги пишува зборовите „Среда мора да умре“.
Во третата сезона на „Среда“ ќе се појават и Винона Рајдер, Крис Сарандон, Ноа Тејлор, Оскар Морган и Кенеди Мојер. Како гостински ѕвезди неодамна беа најавени и Лена Хиди, Ендру Мекарти и Џејмс Ленс.
јуни 30, 2026


