Connect with us

Свет

Силна бура предизвикаа прекини во сообраќајот во Нов Зеланд

Силна бура го погоди централниот дел на Нов Зеланд, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, оставајќи илјадници домови без струја и нарушувајќи го воздушниот сообраќај во главниот град Велингтон.

Националната метеоролошка служба на земјата, МетСервис, издаде повеќекратни предупредувања за лоши временски услови додека бурата се движи низ земјата. Службата предупреди за обилни дождови и налети на ветер до 120 км/ч (74 милји на час) откако налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани во делови од Нов Зеланд во текот на ноќта.

Силните ветрови доведоа до откажување на 200 летови до и од Велингтон.

„Повеќето летови до и од аеродромот Велингтон се откажани денес, а повеќето, но не сите, закажани летови вечер се откажани. Се очекува ветровите да ослабнат утре, што се надеваме дека ќе овозможи продолжување на летовите“, соопштија од аеродромот.

„Ер Њу Зеланд“ потврди дека ги откажал сите домашни летови до и од главниот град, како и сите летови од аеродромот Њу Плимут.

Компанијата за електрична енергија „Велингтон Електрикти“ соопшти дека 4.000 корисници се без струја и предупреди на понатамошни прекини, бидејќи ветровите вечер ќе достигнат максимална брзина. Од компанијата претходно соопштија дека снабдувањето со електрична енергија е нормализирано за околу 3.000 корисници. 

Ad
Ad