Connect with us

Свет

Британскиот крал Чарлс Трети нема да живее во Бакингемската палата по реновирањето

Британскиот крал Чарлс Трети нема да живее во Бакингемската палата по завршувањето на 10-годишното реновирање идната година, соопштија претставници на кралската палата.

Со ова, како што наведуваат агенциите, ќе биде ставен крај на речиси два века во кои иконската лондонска зграда служела како главна резиденција на британскиот монарх.

Во меѓувреме, претставниците на палатата открија дека кралот платил 12,9 милиони фунти даноци во финансиската 2024/25 година – првпат оваа сума е јавно објавена. Тоа го става меѓу 100-те најголеми даночни обврзници во Велика Британија.

Членовите на кралското семејство ветија поголема транспарентност во врска со нивните финансии, поради зголемениот јавен надзор и критики по смртта на кралицата Елизабета Втора во 2022 година.

Ad
Ad