Connect with us

Свет

Египетскиот претседател Ал-Сиси нема да го менува уставот за да остане на власт и по 2030 година

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска изјави дека уставот на земјата нема да се менува за да му се овозможи да владее по 2030 година, кога завршува неговиот трет и последен претседателски мандат, пренесува ДПА.

– Уставот нема да се чепка. Годината 2030 ќе го означи крајот на мојот претседателски мандат на чело на земјата. Ова прашање е целосно решено и за него повеќе нема да се дискутира, рече Ал-Сиси на воена свеченост, која беше пренесувана на телевизија во Каиро.

Ал-Сиси стапи на функцијата во 2014 година, една година откако тогашниот армиски генерал го предводеше соборувањето на Мохамед Морси – првиот демократски избран исламистички претседател на земјата, чие владеење, сепак, предизвика длабоки поделби во државата.

Во 2019 година беа усвоени измени на египетскиот устав, со кои вториот мандат на Ал-Сиси беше продолжен од четири на шест години.

Овие измени, исто така, му овозможија на Ал-Сиси да се кандидира за уште еден шестгодишен мандат, кој тој го освои во 2024 година

Ad
Ad