Филм
Бекам ја доби главната улога во филмот „Forty Love“
Ромео Бекам, синот на фудбалската легенда Дејвид Бекам ја доби главната улога во романтичната драма со тениска тематика „Forty Love“. Филмот е во режија на модниот фотограф Пјер-Анж Карлоти, а во главните улоги, покрај Бекам, се појавуваат и Пол Киршер, познат по филмот „Животинското царство“ („The Animal Kingdom“), Гијом Кане, препознатлив по филмот „Плажа“ („The Beach“), како и легендарната француска актерка Катрин Денев.
„Приказната во „Forty Love“ е за тениска ѕвезда која е на прагот да освои голем трофеј во Париз, но неговиот живот и фокусот кон натпреварувањето се менуваат со доаѓањето на харизматичен играч, толкуван од Ромео Бекам“, пренесе американскиот медиум Варајети.
Главниот лик за првпат се соочува со противник од сосема поинаква природа – љубовта. Сила која е истовремено возбудлива и дестабилизирачка, и многу поопасна од што било со кое досега се соочил на тенискиот терен, се наведува во синопсисот на филмот.
Претходно, Бекам се појави и во документарната серија на Нетфликс „Бекам“ од 2024 година, која го прикажува животот и кариерата на неговото семејство.
Премиерата на филмот ќе се емитува на 25 ноември во Франција.
јуни 26, 2026

