Connect with us

Филм

„Последната куќа“, новиот филм на Нетфликс ја замрзнува крвта

Нетфликс го објави првиот трејлер за филмот „Последната куќа“, мистериозен трилер кој ја раскажува приказната за семејството кое еден ден се наоѓа во ситуација од која нема излез. Домот им станува затвор, а сите можни излези се затворени.

Во главните улоги се Грета Ли и Вагнер Мура, кои ги толкуваат родителите на семејство кое останува заробено во сопствената куќа. Филмот раскажува за брачна двојка чии деца први откриваат дека влезната врата повеќе не може да се отвори. Семејството набрзо сфаќа дека ниту еден излез не функционира, дури ни откако ќе се обидат да ги скршат прозорците и да најдат друг начин да избегаат. Набрзо сфаќаат дека проблемот не е само во нивниот дом, туку и во соседството. Приказната потоа прави временски пресврт и се префрла на 1.183-от ден од заробеништвото. Тогаш вратите конечно се отвораат, но наместо спас, семејството се соочува со нова мистерија.

„Последната куќа“ е во режија на Луј Летерије, познат по филмовите „Неверојатниот Хулк“ и „Брзи и бесни X“, со сценарио на Метју Робинсон, автор на „Со среќа, забавувај се, не умирај“ и „Четири деца влегуваат во банка“. Во главните улоги се појавуваат Грета Ли и Вагнер Мура. Пред премиерата Грета Ли ќе се појави како гласовна актерка во анимираниот филм „Приказна за играчките 5“.

Актерката можеме да ја видиме и во филмовите „Куќа од динамит“ и „Трон: Арес“, а имаше и забележителна улога во четвртата сезона на серијата „Утринско шоу“ на платформата Епл тв+.Ли се појави и во спотот на Тејлор Свифт за песната  „Опалит“.

Филмот започнува да се емитува од 7 август на Нетфликс.

Ad
Ad