Connect with us

Филм

Шпанскиот актер Бардем со свои отпечатоци на Патеката на славните во Лос Анџелес

Шпанскиот актер Хавиер Бардем ги остави своите отпечатоци на Патеката на славните во Лос Анџелес нагласувајќи дека е „навистина посебно“ да се овековечи своето име на Холивуд булеварот.

– Навистина е посебно да се добие ваква можност да се овековечи вашето име и лик. Кога ќе помислам на сите луѓе што стоеле на ова место, тешко ми е да поверувам дека сето ова е реално – изјави 57-годишниот Бардем..

Тој стекна меѓународна слава во 2000 година со филмот „Пред да падне ноќта“, во режија на Хулијан Шнабел. Осум години подоцна, актерот освои „Оскар“ за најдобар актер во споредна улога за улогата во филмот на браќата Коен „Нема земја за старци“. Неговиот најнов филм, „Возљубени“, беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Ad
Ad