Општини
Локалниот пат од браната „Градче“ до село Јастребник ставен во функција за сообраќај
Во изминатите два дена се изведуваа градежни работи на патниот правец од браната „Градче“ кон селото Јастребник, при што беше поставен бетон на најоштетениот дел од земјениот пат, каде што беше загрозена безбедноста во сообраќајот.
Поради ова, на релацијата кон селото Јастребник сообраќајот времено беше прекинат.
Патниот правец од браната „Градче“ до село Јастребник, што најмногу го користи месното население, како и рекреативците и излетниците, сега повторно е во функција за сообраќај.
јуни 26, 2026

