Connect with us

Општини

На Пониква изложба на VW олдтајмери – љубителите на класичните Volkswagen модели на едно место

На туристичкиот локалитет Пониква денеска се одржува собир на љубителите на Volkswagen олдтајмерите. 

Посетителите имаат можност одблиску да ги разгледаат легендарните „Буби“, T2 Комбиња и други безвременски модели кои оставиле силен белег во автомобилската историја.

Настанот нуди можност за дружење, фотографирање и размена на искуства меѓу сопствениците и љубителите на класичните возила, во прекрасниот планински амбиент на Пониква, на 1.650 метри надморска височина.

Организаторите ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од оваа уникатна автомобилска изложба и да уживаат во ден исполнет со носталгија, природа и добра атмосфера. 

Ad
Ad