Connect with us

Свет

Трамп: Рекордни 19 милиони барели нафта поминаа низ Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека вчера низ Ормуската Теснина поминале бродови што превезувале рекордни 19 милиони барели нафта. Во објава на социјалната мрежа Трут соушл (Truth Social), тој го нагласи и значењето на падот на цените на нафтата .

„Вчера низ Ормуската Теснина поминаа 19 милиони барели нафта – рекордно количество во историјата. Цените на нафтата паѓаат, а светот е многу побезбедно место“, напиша Трамп.

Цените на нафтата вчера се намалија за повеќе од три проценти и паднаа под 80 долари за барел, по информациите за напредок во преговорите меѓу САД и Иран за постигнување конечен мировен договор и постепено обновување на испораките преку Ормуската Теснина.

Во меѓувреме, американското Министерство за финансии издаде општа лиценца со која се дозволуваат производството, испораката и продажбата на сурова нафта, како и на петрохемиски и нафтени производи со иранско потекло до 21 август.

Согласно меморандумот за разбирање потпишан минатата недела меѓу Вашингтон и Техеран, САД се согласиле да го дозволат извозот на иранска сурова нафта, нафтени производи и нивни деривати, како и на сите поврзани услуги, вклучително и банкарските трансакции, осигурувањето и транспортот.

Ad
Ad